ОФИЦИЈАЛНО: Руди Гарсија е новиот тренер на Елмас во Наполи!

961

По сите шпекулации со бројни имиња, Наполи вечерва изненади со назначувањето на новиот тренер за новата сезона. Нашиот Елиф Елмас следната сезона ќе биде под тренерската палка на францускиот стратег Руди Гарсија, кој пред само неколку недели доби отказ на кормилото на саудискиот клуб Ал Ахли, каде работеше со португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо.

Наполи вечерва го потврди назначувањето на Гарсија за нов тренер на тимот по заминувањето на Лучијано Спалети, кој по освоеното Скудето реши да се повлече од тренерското место поради недоразбирања со сопственикот на тимот, Аурелио Де Лаурентис.

Гарсија во својата тренерска кариера работеше во неколку француски клубови (Дижон, Ле Ман, Лил, Олимпик Марсеј, Лион), а има искуство како тренер во Италија бидејќи работеше на клупата на Рома.

ПретходноНафиу го раскина договорот со Шкендија
СледноЕден од нашите ривали ги отвори картите: Црна Гора го објави списокот за ЕП во Македонија