Проблеми во “рајот“: И Вокер сака да си оди од Манчестер Сити!

622

Во саботата Пеп Гвардиола и сите во клубот беа на “седмо небо“ откако Манчестер Сити за првпат стана европски првак. И вечерта се беше бајка, но како што одминуваат деновте се гледа дека и тоа како има проблеми во “рајот“.

Па така после Илкај Гундоган, Бернардо Силва и Хулијан Алварез, кои најавија можно заминување, вчера и денеска наголемо се шпекулира, посебно во медиумите на Островот, дека и Кајл Вокер сакал да се оди од клубот.

Тој во последно време не е задоволен од тоа каква минутажа има кај Пеп, а посебно бил гневен што на финалето на ЛШ во Истанбул, тој се најде на клупата за да влезе на теренот во последните десет минути.

Се наведува дека за него бил заинтересиран Шефилд Јунајтед.

ПретходноСергиј Ребров: Македонија е квалитетна репрезентација!
СледноУ-21: Македонија во пријателски натпревар одигра 1:1 против Ерменија! (ФОТО)