Меѓународниот македонски фудбалски судија, Слаѓан Маркоски ќе биде дел од финалето од Регионалниот куп кој се игра во Шпанија, а се среќаваат домашната Галиција против селекцијата од Србија односно Белград.
Марковски ќе ја има улогата на помошен судија, а ќе биде партнер заедно со Кристофер Карслон од Шведска како главен, и Мартин Робертс од Велс, кој ја комплетира судиската тројка на овој меч.
Македонските арбитри се повеќе добиваат европски задачи што ќе рече дека се ценети во фудбалска Европа што е секако голем успех и мотив за уште поголем напредок.