Каква вечер на Арената “Тодор Проески“? Кога ќе водиш со 2:0 по првиот дел, кога Дијамантот ќе постигне гол за паметење, кога просто ќе ја згазиш Украина за да потоа примиш три гола во вториот дел и мечот го загубиш со 2:3. Пораз кој значи дека тешко можеме нешто да сториме во ваа група.
А се тргна магично за нас. Барди од пенал, па магичен гол на Дијамантот. Се одеше кон тоа дека Македонија ќе постигне блескава победа.
И тогаш дојде до несфатлив пад, целосен пресврт, и играчки и резултатски и на крај 2:3.
Штета….