Навивачите на Панатинаикос го прекинаа финалето, титулата доделена на Олимпијакос

276

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија шампионската титула во Грција откако четвртиот меч од финалето на плеј-офот против Панатинаикос беше прекинат во третата четвртина. Олимпијакос на три минути пред крајот од третата четвртина водеше во гости кај Панатинаикос со 63:35 и одеше кон рутинска победа, а навивачите на домашните не можеа да го прифатат резултатот и прослава на титулата во нивната сала ОАКА, почнаа да прават нереди.

Прво гаѓаа со тврди предмети кон клупата на Олимпијакос, а потоа следуваа и факели и топовски удари поради што играчите на Олимпијакос побегнаа во соблекувалната. Судиите прво побараа од организаторот да ја испразни салата, но полицијата не успеа во тоа, па одлучено е мечот да биде прекинат.

Така по службен пат на Олимпијакос му е доделена трета победа и одбрана на титулата.

 

ПретходноЕнцо Мареска е новиот тренер на Лестер сити
СледноОд рајот до пеколот….за Македонија