Шкупи продолжува со засилувањата во овој летен преоден рок. Имено од денеска, вице-првакот е посилен за голманот Давид Денковски и дефанзивецот Давор Серафимов.
Денковски доаѓа од Брегалница, важи за еден од нашите најталентирани голмани, додека Серафимов од Вардар се пресели на Чаир каде ќе ја очекува својата шанса за одредена минутажа.
Чаирчани ова лето ги ангажираа и Сефер Емини, Михал Пинтер, Кристијан Тошевски и Хамза Рамани.