„Тренинг“ за Англија на Малта, Ерменија славеше во Кардиф

143

Вечерва се одиграа мечеви од квалификациите за ЕП 2024, а во нашата група Ц репрезентацијата на Англија ја забележа и втората победа. Англичаните славе со 4:0 на гостувањето на Малта. Отворија Англичаните со автогол на Апап во 8 минута, а до крајот на првиот дел погодија Александер-Арнолд и Хари Кејн од пенал. Во 82 минута од пенал погоди Калум Вилсон. Кејн го постигна 50 гол во дресот на Англија.

Во групата Д, Ерменија ја запиша првата победа по триумфот на гостувањето кај Велс со 4:2. Велшаните го запишаа првиот пораз во третиот меч во групата Д.

Даниел Џејмс донесе предност на Велс, а Заларјан и Ранос направија пресврт во првото полувреме. Ранос зголеми на 1:3 во 66 минута, следуваше намалување со гол на Вилсон во 73 минута, а потоа Зеларјан ги постави конечните 2:4.

РЕЗУЛТАТИ
ФИНСКА – СЛОВЕНИЈА 2:0

ГИБРАЛТАР – ФРАНЦИЈА              0:3

МАЛТА – АНГЛИЈА          0:4

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА           2:3

АНДОРА – ШВАЈЦАРИЈА              1:2

САН МАРИНО – КАЗАХСТАН       0:3

БЕЛОРУСИЈА – ИЗРАЕЛ 1:2

ДАНСКА – СЕВЕРНА ИРСКА         1:0

ГРЦИЈА – ИРСКА              2:1

КОСОВО – РОМАНИЈА   0:0

ЛЕТОНИЈА – ТУРЦИЈА    2:3

ВЕЛС – ЕРМЕНИЈА           2:4

 

 

ПретходноОд рајот до пеколот….за Македонија
СледноСергиј Ребров: Украина го доби тоа што го посакуваше, им благодарам на нашите фудбалери на оваа победа!