Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите фудбалери во светот во изминатите две децении, пред две недели му кажа официјално збогум на фудбалот. Се говори дека Милан за него подготвува специјална функција како би останал во клубот, а Швеѓанецот со балкански корени, денеска ба своите социјални мрежи напиша трогателна порака за збогум.
Посебно му се заблагодари на својот некогашен менаџер, инаку починат, Мино Рајола.
“Почна со сон. Сон кој беше претворен од неможо во возможно. Роден сум во Малме, пораснав во Амстердам. Во Торино станав помудар. Во Барселона станав лав. Пораснав и во Милано, а во Париз открив нови можности. Во Манчестер сткнав издржливост, а во Лос Анџелес се забавував. На крај својот мир го најдов во својот двор – во Милано. Ви благодарам за се. Мино, успеавме. Возењето е завршено. Беше ова неверојатно патување. Ќе ми недостигаш“ напиша покрај другото Златан на Инстаграм.