Адеми: Не е точно дека мечот со Англија ќе биде мојот последен за Македонија!

432

Се разбира кога ќе загубиш на начин како што тоа на Македонија и се случи, тука е тагата кај нашите момци. Пред новинарите со изјава излезе Аријан Адеми:

Не знам, навистина не знам што се случи. Еден час одигравме феноменално, а потоа, навистина не знам што се случи потоа. Што да кажам? Сега треба да се собереме затоа што за три дена не очекува натпревар на гости кај Англија. Тоа ќе биде тежок, многу тежок меч за нас“ рече Адеми.

На прашањето дали мечот со Англија за него ќе биде последен за Македонија, тој одговори:

Ја знам таа приказна и не знам кој точно кој ги пушта во јавноста тие работи. Може само да кажам дека не е точно тоа. И не е мојот последен натпревар за Македонија“ конкретен беше Адеми.

ПретходноСтојановски: Одигравме одлично во првиот дел, паднавме физички во вториот
СледноБарди: Секој од нас мора да си го смени менталитетот