Андреј Лазаров потпиша за Рудеш

969

Некогашниот македонски младински репрезентативец и член на Работнички односно последно Тиквеш, Андреј Лазаров, заминува на својот прв интернационален ангажман. Играчот за врска потпишува за новиот хрватски прволигаш Рудеш, кој изминатата сезона беше дел од второлигашката конкуренција, но суверено се пласираше во ранг погоре.

Па така, во насока на засилување на екипата, управата се одлучи за Лазаров, кој добрите игри како во Работнички, така и во Тиквеш ете му донесоа квалитетен трансфер.

 

ПретходноГолден Арт ги продолжи договорите со Даскалоски и Даев
СледноДодека Украина го очекува мечот во Скопје, претседателот на Федерацијата ставен зад решетки!