Во денот кога украинската фудбалска репрезентација и гостува на Македонија во Скопје во меч од квалификациите за Евро 2024, првиот човек на украинскиот фудбал Андриј Павелко е ставен зад решетки!
Како што објавија украинските медиуми, во Лавов се одржа судење во врска со проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта. Шефот на Украинскиот фудбалски сојуз, Андриј Павелко беше на обвинителна клупа и доби притвор од 60 дена во истражен затвор без можност за кауција.
Павелко и генералниот секретар на организацијата Јуриј Записоцки се главните фигури во корупцискиот случај за проневера на пари за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта.