Евро-квалификации: Англија по бодови на Малта, Словенците сакаат хет-трик, Ирска ја освојува Атина

112

Вечерва покрај мечот на Арената во Скопје меѓу Македонија и Украина, во рамките на нашата група „Ц“ ќе се одигра и дуелот меѓу селекциите на Малта и Англија. И овој меч како и пресметката во Скопје стартува од 20.45 часот.

Малта е домаќин на Англија во Та’ Кали, откако по воведните два натпревари во групната фаза, двете селекции се на спротивните краеви на табелата, при што Англија ги победи Италија и Украина, додека Малта претрпе пораз од Македонија и Италија.

Англија има брилијантен рекорд во евро-квалификациите, победувајќи на 19 од последните 20 меча. Исклучок е поразот со 2-1 од Чешка во октомври 2019 година. Малта се надева дека ќе избегне катастрофа, но нема да се откаже и од идејата да постигне барем гол. Малта победи на само седум од своите 226 квалификациски натпревари, па и вечерва е со минимални шанси за успех.

Од останатите вечерашни дуели вреди да се издвојат уште два. Прво дуелот меѓу Финска и Словенија (18 ч.) кој се игра во рамките на „Х“, каде Словенците почнаа со две победи, а Финска има победа и пораз. Победата над С. Ирска за Финците стави крај на црната серија од пет натпревари без победа. Ако гледаме подлабоко, Финска успеа да победи само на три од нивните претходни 15 натпревари во сите натпреварувања, па и денеска ќе и биде исклучително шето против одличните Словенци, кои се во серија од четири последователни победи (вклучувајќи и две победи од пријателските средби).

Исклучително интересно се очекува да биде во Атина, каде Грција ја пречекува Р. Ирска. Ирците доаѓаат со желба за прва победа во овие квалификации, додека домашните се надеваат на втор успех. Грците не успеаја да се квалификуваат на последните два евротурнири и овојпат се надеваат дека ќе стигнат до Евро 2024 од групата Б, во која се и Франција и Холандија. Причина плус да веруваат во успех вечерва е и фактот штп загубија само еден од нивните последни 16 натпревари на домашен терен во сите натпреварувања.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2024

ГРУПА „Б“

20.45 Гибралтар – Франција

20.45 Грција – Р. Ирска

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА „Ц“

20.45 Малта – Англија

20.45 Македонија – Украина

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА „Д“

20.45 Летонија – Турција

20.45 Велс – Ерменија

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА „Х“

18.00 Финска – Словенија

20.45 Данска – С. Ирска

20.45 Сан Марино – Казахстан

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА „И“

20.45 Андора – Швајцарија

20.45 Белорусија – Израел

20.45 Косово – Романија

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноДодека Украина го очекува мечот во Скопје, претседателот на Федерацијата ставен зад решетки!
СледноРебров вечерва почнува со истиот состав и тактика како и против Германија