Едно до најпривлечните имиња на трансфер пазарот во Англија, фудбалерот на Брајтон Мојсес Каиседо одлучил да остане во Премиер лигата. И покрај понудата која до него ја испрати германскиот шампион Баерн (М), Каиседо ги информирал за својата дефинитивна одлука да остане во најсилната светска национална лига.
Според новинарот Флоријан Плетенберг, играчот од средниот ред на Брајтон се согласил да се пресели во Челзи. Баерн, кој комуницирал со агентите на 21-годишниот играч, ја загубил шансата да го ангажира.
Во исто време, „сините“ од Лондон допрва треба да се договорат со „галебите“ околу сумата на трансферот. Каиседо е проценет на 120 милиони фунти, но Челзи најверојатно ќе се обиде да ја намали цената.