Така е тоа кога си играш со пиштол, и тоа во два наврати, и тоа го прикажуваш на социјалните мрежи. Имено раководството на НБА го суспендираше Џа Морант, ѕвездата на Мемфис на 25 натревари за следната сезона или 1/3 од регуларниот дел во најсилната лига во светот.
Секако дека е жестока казна за овој несомнено екстра квалитетен кошаркар, еден од најдобрите во НБА лигата, но се надеваме дека на ова и ќе остане. Да не му текне на Морант по третпат да мафта со пиштол и да ја згрозува спортската јавност или младите на кои тој им е идол.