Манчини: За едно се подготвувавме, друго прикажавме на терен

414

Селекцијата на Италија синоќа прими гол на две минути пред крајот на полуфиналниот дуел со Шпанија во Лигата на нации и не успеа да се избори за место во големото финале. По мечот, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, сметаше дека Шпанија заслужено е во финалето.

„Шпанија постигна гол во самиот крај на натпреварот, но генерално не одиграа многу подобро од нас. Се подготвивме за поинаков тип на натпревар, но не успеавме да направиме многу од тоа што го планиравме. Мислевме дека Киеза може да ни даде малку повеќе длабочина, но момците направија се што можеа, но има работи за кои ќе зажалиме. Веројатно најмногу што не игравме како што обично играме“, изјави Роберто Манчини.

Италија сега ја чека меч против Холандија во битката за третото место во Лигата на нации.

ПретходноМанчестер Ј. никако да се продаде, Тен Хаг полека губи нерви
Следно„Тајмс“: Продажбата на Јунајтед нема да заврши до почетокот на Премиер лигата