На “Олд Трафорд“ ќе суди Романецот кој драстично ја оштети Македонија на ЕП со Холандија!

219

Познат е судијата кој ќе ја дели правдата на натпреварот на “Олд Трафорд“ во понеделник меѓу Англија и Македонија. Тоа е Иштван Ковач од Романија, познато судиско име во Европа и светот, но ние не сме многу воодушевени од тоа што тој ќе суди.

Посебно ако се знае што се случуваше на мечот со Холандија на ЕП кога просто ја уништи нашата репрезентација со своите одлуки па затоа и изгубивме така убедливо со 0:3.

Сепак да се надеваме дека овојпат Ковач ќе суди како што знае и умее.

Инаку Ковач му судел на Работнички во 2015 година против Јелгава во квалификациите на Европа кога нашиот тим победи и се пласира во плеј – офот.

И судеше и на Шкендија во 2017 во плеј – офот во ЛЕ, и тоа против Милан во Скопје кога тетовци загубија со 0:1.

ПретходноРебров вечерва почнува со истиот состав и тактика како и против Германија
СледноЛактот на Стојановски, забите на Шевченко, Ставревски за победа и Блохин! (ВИДЕО)