Вечерва од 20:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Македонија во рамките на 3.коло во квалификациската група-Ц за пласман на ЕВРО 2024 во Германија, ја дочекува силната репрезентација на Украина.
Важен, многу важен меч за нас, посебно ако се знае дека на првиот дуел во овие квалификации Македонија славеше со Малта дома, и ако успееме вечерва да триумфираме тогаш со шест максимални бода ќе и гостуваме на Англија во понеделник.
Секако дека треба настрана да се остават математиките. Има уште многу да се игра, но ако вечерва успееме да ја совладаме Украина, тогаш со голем апетит ќе влеземе во есенските квалификации кога ќе се решава кој од нашата група ќе оди на ЕВРО 2024. Тука се и Англија, Малта и Италија, во групата-Ц.
Нема воопшто да биде лесно, ќе биде пеколно тешко да се слави над четата на селекторот Сергиј Ребров кој пред 19 години беше во Скопје и играше на тој меч кога ние славевме со 1:0 во пријателски меч. И нам таа победа ни е едиствена во дуелите со Украина.
Уф, прекрасно ќе биде да се дојде повторно до таква победа, па макар и со 1:0.
Сепак, мора, мора да се биде внимателен, трпелив, мудар. Ова ќе биде натпревар на кој и двете селекции ќе чекаат грешка од противникот, нема да се залетуваат непотребно.
Ова ќе биде и тактичко надмудрување на селекторите Милевски и Ребров, со напомена дека нашиот селектор поради суспензија ќе мора да го следи мечот од трибините.
Да, Украина е силна, квалитетна селекција. Впрочем тоа го покажа пред неколку дека со тие 3:3 на гости кај Германија.
Нема играчки со таа селекција.
Од друга страна Македонија е желна за нова радост, за уште една голема победа, за уште еднаш да ги израдува своите фанови.
Имаме и ние свои адути, во тимот по подолга пауза ќе биде и Аријан Адеми, тука ќе бидат искусните Нестор и Трајковски, секако Дијамантот Елмас, капитенот Ристовски, голманот Столе Димитриевски, Барди и Алиоски.
Овие играчи, но и сите останати, гарантираат дека Македониај има сила квалитет за уште едбна победа.
Затоа и велиме: Одиме на победа! Напред Македонија!