На 17 јуни 2021 година на националната арена во Букурешт, Македонија го одигра вториот меч на историското Евро 2020. Противник беше токму денешниот – Украина. ПоО стартниот пораз од Австрија, тогаш избраниците на Ангеловски влегоа во уште еден исклучително силен меч во кој Украина многу брзо во првиот дел веќе имаше капитал од два гола и двата на Јармоленко.
Ние се вративме за 2:1 со гол од пенал преку Алиоски, но до крајот не успеавме да се избориме за реми. Цврстата Украина не совлада, а овој последен меч кои го одигравме со нив нека биде еден вид патоказ кон денешниот дуел во кој очекуваме многу голема борба, поддршка од трибините и секако – победа на Македонија!
https://www.youtube.com/watch?v=ZEol4qUCHCU