Новиот селектор на украинската репрезентација, Сергеј Ребров за денешниот меч со Македонија нема да направи големи промени од оној тим со кој играше пред неколку дена против селекцијата на Германија.
Ребров тој меч го почна со голема доверба во помладите играчи, а некои добија и нова улога на теренот, како Виктор Циганков. За денеска се очекува да почне и Зинченко, но Руслан Малиновски најверојатно ќе остане на клупата. Што се однесува до повредите, украинскиот стратег за денешниот меч нема да смета на повредените Валери Бондар и Олександр Пихаљонка.
Најавите велат дека Украина почнува со формација 4-4-1-1.
На голот ќе биде Трубин, во одбраната Тимчук, Забарни, Матвиенко, Миколенко, средниот ред ќе го сочинуваат Јармоленко, Степаненко, Судаков и Мудрик, а Циганков ќе игра зад Довбик.