Украина дојде до првата победа во квалификациската група-Ц и тоа откако вечерва со пресврт славеше против Македонија со 2:3. Катастрофално прво полувреме одиграа гостите, но затоа беа одлични во продоленжението од средбата.
По мечот селекторот Сергиј Ребров истакна:
“Ова беше многу важен меч, за кој немавме време добро да се подготвиме. Благодарни сме на играчите што го сторија во второто полувреме. Ова е вредна победа. Украина не спиеше во првиот дел туку Македонија како сериозен тим се покажа во одлично издание. Во вториот дел на променивме играта и го добивме тоа што го посакувавме“ потенцираше Ребров.
Да потсетиме дека Украина пред само неколку дена одигра 3:3 на пријателската со Германија.
“Не сметам дека тој меч беше вишок што се вели. Не мислам дека беше непотребен. Инаку вечерва по паузата се променија работите. Веднаш по првиот наш гол знаевме дека можеме да го добиеме мечот. Тоа и се случи“ рече селекторот на Украина.
“Ги советував играчите да го смениме темпото во второто полувреме. Македонија имаше силно темпо, а ние не го следевме во тоа прво полувреме. За среќа тоа се промени во второто полувреме и на крајот успеавме да победиме“ рече покрај другото Ребров.