Како што велат нашите информации, вечерва на Арената “Тодор Проески“ се очекува сосема добра посета, од околу 16.000-18.000 фанови на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Во зависност од временските услови, таа бројка може да порасне и до 20.000.
Сепак без разлика колку ќе бидат, најважно е што нашите фудбалери во битката против Украина и тоа како ќе има голема поддршка, јасно е дека од трибините на Аренаа ќе ечи – Македонија, Македонија.
Да се надеваме дека на крајот сите заедно ќе се радуваме на уште една победа на нашите момци во црвени дресови.