Силекс продолжува со засилувањата во своите редови. Покрај Леонид Игњатов, кратовци деновиве се засилија и со Панче Петров од Беласица и Димитри Поповски од Тетекс, кој е лев бек а претходно играл и во Работнички.
Инаку Петров игра на позицијата лево крило, а може да игра и по десната страна. Имаше одлична сезона во ВМФЛ за струмичани, а претходно беше член на А. Пандев.