Скандал во Португалија: Полицијата ослободила 80 киднапирани фудбалери, вмешан бил и претседателот на Лигата!

239

Мега – скандал, невиден скандал во Португалија како што денеска пишуваат медиумите во таа земја. Имено откако претходно добила дојава, полицијата на таа земја во околината на тренинг – центарот во Фамаликао, успеала да пронајде и притоа да ослободи 80 киднапирани фудбалери.

Се претпоставува дека сите тие биле жртви на трговија со луѓе а биле на возраст од 13 до 23 години и тоа од Ј. Америка, Африка и Азија.

Тие и нивните семејства биле измамени, иако плаќале за да бидат во интернатот, да тренираат, тоа било повеќе затвор, откако претходно им ги земале пасошите. Не смееле да излезат надвор од интернатот, со други зборови тие биле киднапирани.

Се верува дека во овој скандал бил вмешан и претседателот на Лигата во Португалија, Марио Коста.

ПретходноКога си играш со пиштол: Џа Морант доби суспензија од 25 меча!
СледноПромоција: Шкупи се засили и со Денковски и Серафимов! (ФОТО)