„Тајмс“: Продажбата на Јунајтед нема да заврши до почетокот на Премиер лигата

334

Продажбата на Манчестер Јунајтед најверојатно нема да биде завршена пред почетокот на сезоната во Премиер лигата. Според „Тајмс“, процесот на одобрување на зделката ќе трае меѓу 8 и 12 недели.

Со оглед на тоа што почетокот на првенството е закажан за 11 август, а купувачот се уште не е објавен, најверојатно Манчестер Јунајтед ќе остане во сопственост на семејството Глејзер до крајот на летото. Ова сигурно ќе влијае на плановите за трансфер политиката на клубот, особено што таа со старите сопственици нема да се промени многу од она што Манчестер Ј. го имаше на располагање како финансии за нови имиња во минатите сезони.

Во исто време, како што наведува венсикот, британскиот претприемач Џим Ретклиф не се откажува од идејата да го купи клубот, па и тој заедно со катарскиот шеик Јасим имаат понуди кои се проценуваат на 6 милијарди фунти.

ПретходноМанчини: За едно се подготвувавме, друго прикажавме на терен
СледноФудбалските мега-трансфери во С. Арабија се државен проект да се добие организација на СП!