Македонската Дејвис куп репрезентација денеска го игра клучниот меч од групата „Б“ во рамките на Третата Европска зона на Дејвис купот. Во 3. коло Македонија во Ларнака игра против домаќинот Кипар. Ова е директен дуел за второто место во групата откако Молдавија во првите две кола постигна две победи над Кипар и Македонија, кои пак имаат скор 1-1. Победникот од мечот утре ќе игра со второпласираната селекција од групата А (најверојатно Црна Гора) за влез во Втората Светска зона.
Поразениот од овој дуел утре ќе игра меч за опстанок со третопласираната репрезентација од групата А (најверојатно Сан Марино), а победникот ќе остане во Третата зона. Неизвесно е во кој состав ќе настапи македонската репрезентација.