Финска не беше така “фина“ со Словенија! (ВИДЕО)

169

Финска – Словенија 2:0 е епилогот од првиот денешен меч во квалификациите за ЕВРО 2024. Во рамките на групата – Х, на свој терен, селекцијата на Финска со головите на Похјанпало во 13.минута и Антман во 64.минута триумфираше заслужено и освои големи три бода против солидната селекција на Словенија.

Па така сега Финска со 6 бодови од три меча се наоѓа на врвот на табелата во оваа група, во која најголем фаворит за првото место секако дека е селекцијата на Данска.

ПретходноОфицијално: Борха го засили тимот на Беса!
СледноТрогателна порака од Златан Ибрахимовиќ!