Она што во повеќе наврати беше објавено, или најавено, од денеска е и официјално. Шкендија и Егзон Бејтулаи, досегашниот капитен на тимот и актуелен репрезентативец, се разделија.
Него вчера му истече договорот, па откако немаше договор за нов, Бејтулаи не е веќе фудбалер на тетовскиот клуб.
Се разбира дека Шкендија во манир на голем клуб му се заблагодари на Егзон за се она што во својот престој и даде на Шкендија. Да потсетиме дека дефанзивецот беше дел од Шкендија кога овој клуб освојуваше трофеио, беше најдобар во Македонија и играше успешно во фудбалска Европа.
Бејтулаи со Шкендија освои 3 титули во ПМФЛ и 2 пехари во Купот на Македонија.