Познат е стартниот состав со кој нашата репрезентација ќе го започне вечерашниот меч од 3.коло во квалификациската група-Ц против Украина.
Очекувано селекторот Благоја Милевски се определи за формацијата 3-5-2, значи со засилен среден ред а во нападот со искусните Илија Несторовски и Александар Трајковски.
На голот ќе биде секако Столе Димитриевски, додека стопери се Стефан Ристовски, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу. По десната аут линија ќе „оперира“ Стефан Ашковски а по левата Езан Алиоски, додек во средниот ред нешто поназад Енис Барди и Аријан Адеми а нешто понапред Елиф Елмас.
Да се надеваме дека овој состав ќе може да и донесе добар резултат на Македонија.