Македонија го загуби мечот со Украина со 2:3, откако водеше по првото полувреме со 2:0. Тимот тотално се распадна во вториот дел. Капитенот Стефан Ристовски вака го виде мечот.
„Инзвонредно прво полувреме и класичен македонски менталитет во продолжение. Останува да работиме на тој сегмент. Мислам дека ако сакаме да направиме нешто во иднина ќе мора ова да го поправиме. Фудбал се игра деведесет минути, и не може после еден примен гол така да се распаднеш. Им честитам на Украинците“, изјави Стефан Ристовски.
„Тажни сме. Цела соблекувална е тажна кога ќе ја видиш дека е пред плачење станува јасно колку сме се надевале и колку сме посакувале успех. Мора да се кренеме, одиме на Англија. Мора таму да одиграме силно. Јасно е дека ние мора да сфатиме дека вака не смее. Не сум човек кој бара алиби и ќе кажам следново. САМИТЕ СМЕ ВИНОВНИ“, додаде капитенот на Македонија.
„