Македонската репрезентација на дуелот со Украина ја немаше помошта од селекторот Благоја Милевски кој беше на трибините поради суспензија. Па така од клупата „диригираше“ неговиот помошник Роберт Стојановски. Тој вака го виде мечот.
„Очигледно дека овој термин не ни одговара затоа што првенствата се завршени. Во првиот дел, одигравме како што треба, но во второто полувреме паднавме, пред се физички. Самите сте свесни дека да се одигра ваков натпревар на вакво ниво, се потребни играчи кои играат во клубовите, за жал ние во овој период, и покрај тоа што имаме квалитетни играчи не добиваат минутажа, и тоа влијаеше. “, вели Стојановски.
„Тоа е што е, одиме во Англија да одиграме најдобро што можеме. Ќе има промени во составот Муслиу го нема, недостасуваат Чурлинов, Миовски, Костадинов…“, додаде помошникот на Милевски.