Тиквеш се засили со напаѓачи од Словенија и Португалија

2922

Тимот на Тиквеш денеска и официјално го престави првото засилување летово во името на Џемал Ибиши. Покрај него, Спортмедиа дознава дека во Кавадарци пристигнуваат уште два офанзивци од Португалија односно СЛовенија.

Интернационалецот од Португалија, кој игра на позицијата десно крило се вика Марио Гасама, и досега бил играл во шампионатот на Кипар, каде што настапувал за тимот на Акиронас Онилиос, а во Португалија бил дел од екипата на Перо Пинхеиро.

Засилувањето од Словенија пак, се вика Гал Куреж кој има далеку посериозно портфолио, затоа што се работи за екс младински репрезентативец на оваа земја. Доаѓа од тимот на Браво, а ја минал целата младинска школа на Олимпија.

ПретходноСе очекува добра посета и голема поддршка: Од 18.000 грла ќе ечи – Македонија, Македонија!
СледноБурчески уште две години во Прилеп!