По Дарко Додев, нов член на Влазнија, тим од Суперлигата на Албанија е уште еден Македонец, а тоа е Константин Чешмеџиев (27). Значи за само неколку дена Влазнија ангажираше двајца македонски фудбалери.Инаку тоа е клуб каде што пред извесно време тренер беше Гоце Седлоски.
Чешмеџиев доаѓа од Бугарија, од тимот на 8 Септември, а претходно играше за Работнички, Пелистер, Љубанци, Македонија ЃП, Шкендија, А.Пандев, Шкупи, Славија Софија.