Горан Иванишевиќ, некогашниот хрватски тениски ас, победник на Вимблдон, еден од најдобрите тенисери од овие простори има голема заслуга за успесите на Новак Ѓоковиќ. Познато е дека Иванишевиќ во изминатите неколку години е тренер на најдобриот светски тенисер.
За тоа што тој мисли за Новак, Хрватот истакна…
„Новак е генијалец. Тие луѓе се родени победници, па тој како мал говореше дека ќе биде најдобар во светот. Посебен е, понаков е, но не е лесно да се соработува со него, да си му тренер. Но ништо во животот не е лесно. Да си му тренер на Новак е исто како да си тренер на Реал Мадрид во фудбал. Голем е тој притисок, но и животот е притисок“ рече Иванишевиќ.