Украина по првото полувреме беше надиграна од македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024. Губеше со 2:0, а во второто полувреме се случи пресврт. Првпат по 7 октомври 2000 година Украина успева да победи на гостински терен откако на полувреме губела со 2:0 (против Ерменија).
Еден од оние кои го иницираше пресвртот беше Михајло Мудрик кој асистираше за изедначувачкиот гол (2:2) и за победничкиот на Циганков во финишот.
„Не можам да кажам дека изглеговме на терен неспремни за овој натпревар. Можеби малку бевме уморни. И покрај тоа што губевме со 0:2, верувавме дека можеме да се вратиме. Сфативме дека мора да одиме на се или ништо. Среќен сум што на крајот победивме“, изјави Мудрик.
За двете асистенции:
„Прво сакам да кажам: Никогаш не се сомневајте во мене. Второ, имавме вакви моменти со Конопља и во Шахтјор, многу сум радосен што постигна гол. Тој се најде на вистинското место во вистинско време.
Вториот гол? Ги видов Ванат и Виктор (Циганков) и морав да изберам што ќе направам, каде ќе биде додавањето навремено. Видов дека Ванат не е подготвен, а Виктор трчаше меѓу дефанзивците. Му ја испратив топката пред голот во вистински момент, а тој погоди“, вели играчот на Челзи.
Следниот меч на Украина е против Малта во гости на 19 јуни.