Шкупи во Турција се подготвува за настапот во Европа!

403

Експедицијата на Шкупи, од вчера е во Болу (Турција) каде во следните две недели ќе се подготвува за европските настапи во квалификациите во Лигата на Конференции. Вицепрвакот по традиција и ова лето е во Болу, експедицијата на чаирчани од вчера е таму и веднаш почна со работа.

Тука се новите имиња, како Тошевски, Пинтер, Емини…но затоа ги нема младинските репрезентативци Рамани, Златков и Ричков.

Што се однесува до пријателските средби, тимот на стратегот Чихат Арслан ќе одигра најмалку три, и тоа на 20, 23 и 27 јуни, а имињата на спаринг партнерите допрва ќе се знаат.

ПретходноНе се сите како Роналдо и Бензема: Лука Модриќ одбил понуда вредна 600 милиони евра!
СледноСлатко скопско кафе за Ребров