Кошаркарите на Анадолу Ефес ја освоија шампионската титула во Турција. Во третиот финален меч против Пинар Каршијака, овој пат прв на гостински терен, екипата од Истанбул славеше со 83:74 и со максимални 3-0 во партии дојде до новиот шампионски наслов.
Мициќ ги погоди клучните поени за новиот шампион на Турција откако Пинар израмни на 74:74, а со тројка започна серија од 9:0 која која им пресуди на домашните. Мициќ на овој меч застана на 29 поени, а Ларкин постигна 15 за победниците.
Ефес е апсолутен рекордер по бројот на титулите во Турција. Ова за нив беше 16. шампионски наслов.