Англичаните веќе почнаа со тренинзи во Манчестер очекувајќи го мечот со Македонија

172

Нашата репрезентација вечерва пристигна во Манчестер и од утре почнува со подготовки за дуелот со Англија во новото квалификациско коло од групата „Ц“ во квалификациите за ЕП 2024. Англичаните, пак, веќе се стационираа во својата нова база и користејќи ги капацитетите на ФК Манчестер Ј. веќе вечерва продолжија со тренинзи очекувајќи го дуелот со Македонија.

Избраниците на Герет Саутгејт успешно го завршија гостувањето на Малта и веќе се вратија дома. Англија дуелот со Македонија го очекува со биланс 3-0-0. Извонредниот старт на квалификацискиот циклус им обезбеди 9 бода и убедливо прво место на табелата. Интересно, до мечот со Македонија в понеделник, Англија останува со само еден примен гол во досегашниот дел од квалификациите.

ПретходноДуков доби слободни документи од Силекс
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем за 30 милиони фунти го купи Кулушевски од Јувентус