Еден од нашите најдобри фудбалери Енис Барди беше критичен кон тимот после поразот од Украина со 2:3. „Рисовите“ водеа со 2:0, а во второто полувреме, поточно од 60 минута до крајот се распаднаа и загубија.
„Секој од нас, мора да го менуваме менталитетот. Ни недостасува фокус, концентрација. Само во еден момент се губиме на терен и потоа дозволуваме се да се сруши. Посакувам само секој од нас сам со себе многу да размисли после овој меч и најпрво секој сам индивидуално да најде начин како да се поправи и како да ги подобриме нашите лични грешки. Секој од нас да пронајде зошто е ова вака, и како да се подобриме. Мора да има самокритика“, изјави Барди кој не верува во тоа дека фудбалерите не се доволно подготвени затоа што голем дел од нив не играат за клубовите.
„Ова се должи само на менталитетот. Една фудбалска голема Украина цел час ја држевме во шише. Ние 60 минути на терен изгледавме како Барселона против некој аматерски клуб. А потоа се случи проблем. Примивме еден гол и потоа следуваше неверојатен пад. Психолошки пад. Мора да седнеме и отворено да разговараме меѓу себе“, истакна Барди.