Барса на „колена“: Пенал рулетот за Магдебург!

254

Првиот финалист на фајнл-форот во Лигата на шампиони е Магдебург. И оваа сезона победникот во полуфиналето беше решен по изведување на седмерци, регуларниот дел заврши со 31-31, додека по двете продолженија беше 38-38, на крајот резултатот гласи 40-39. Во полната „Ланксес Арена“ навивачите беа сведок на неизвесна пресметка достојна за едно полуфинале, со бројни промени на водството, особено во второто полувреме.

Каи Смитс постигнa 12 погодоци, осум запиша Дамгард, додека Н’гесан со девет и Гомес Абељо со осум погодоци беа најефикасни во таборот на Барселона.

Во првото полувреме, Барселона за нијанса беше подобра. Магдебург двапати водеше во овој дел од мечот со 7-6 и 8-7. На другата страна, бранителот на тронот во 19 минута за првпат поведе со 11-13, а пред самиот крај со голот на Мем поведе со 15-18. Каталонскиот тим не ги искористи максимално сите девет одбрани на Емил Нилсен во овој дел од мечот.

Барселона на стартот на второто полувреме не реализираше два напади за да дојде до највисоки плус четири, по следеше казна. Каталонскиот тим застана, Магдебург полета на теренот, со серија од 6-1 за првпат на дуелот поведе со плус два (24-22) во 43 минута. Абељо во меѓувреме не успеа да реализира од седум метри.

Но, Ване, а потоа Абељо израмнија на 25-25. Портнер запиша две одбрани кога неговиот тим беше со играч помалку. На пет минути до крајот, Барселона се стабилизира, со два гола (Н’Гесан и Ване) во низа го врати водството 29-30.

Следеше прекин од неколку минути, се повреди Гисли и го напушти теренот. Де Варгас запиша важна одбрана, Барселона не го искористи нападот да се најде на чекор до финалето, Осаливен израмни на 30-30 за вистинска драма.  Абељо ја фати одбиената топка за 30-31, на другата страна Смитс израмни на 31-31 за продолжение.

Осаливен доби црвен картон по груб старт врз Циндриќ. Абељо реализираше од седум метри. Портнер и Нилсен запишаа по една одбрана. Магдебург на крилата на Безјак, Портнер и Дамгард поведе со 35-33 по првото продолжение. Барселона успеа да се врати благодарение на Н’Гесан 35-35. Следеше неизвесна битка, по што Вигерт заработи две минути, неговиот тим остана со играч помалку во последниот напад, Нилсен одбрани.

Во серијата на изведување на седмерци Барселона сама се отпиша од финалето, четворица ракометари не реализираа за голема радост во редовите на Магдебург.

ПретходноМартин по втор пат најдобар во спринтот
СледноАбдула и официјално во Гостивар