ЕП квалификации: Босанците во (не)возможна мисија во Лисабон

72

Фудбалската репрезентација на БиХ вечерва ја чека најтешката задача во квалификациите за ЕП 2024. „Змејовите“ му гостуваат на фаворитот во групата Ј, селекцијата на Португалија.

Мечот е закажан на стадионот „Луж“, стадионот на гигантот Бенфика.
По две кола Португалија е максимална со шест бодови, додека БиХ оствари половичен успех и има три бода. Босанците го победија Исланд со 3:0 во првото коло, а потоа загубија од Словачка со 2:0. Португалија имаше лесни противници и ги совлада Луксембург и Лихтенштајн.

БиХ ќе биде без Раде Круниќ, Денис Хаџикадуниќ и Ермедин Демировиќ поради повреди, а Бенџамин Тахировиќ заздраве од повредата и тој е во составот.
Селекторот Фарук Хаџибегиќ одбра и четворица дебитанти за престојните натпревари со Португалија и Луксембург. Тоа се Дал Варешановиќ од Сараево, дефанзивецот Адриан Леон Баришиќ од Осијек и Саид Хамулиќ од Тулуз.
Сепак, главниот збор во тимот ќе го водат поискусните: Един Џеко, Пјаниќ, Колашинац, Шехиќ, Цимирот…
Португалија има силен тим, тука се Бруно Фернандеш, Кристијано Роналдо, Рафаел Гереиро, Рубен Диас, Пепе, Руи Патрисио, Данило, Жоао Феликс… Ново име е Тоти Гомеш, фудбалер на Вулверхемптон кој го чека дебито во националниот тим.

Португалија и БиХ се соочуваат меѓу себе по пауза од 12 години. Тогаш се играа два плеј-оф натпревари за пласман на ЕП 2012, првиот меч во Зеница заврши без голови, а вториот меч на „Луж“ Португалија го доби со 6:2.

ДЕНЕСКА ИГРААТ
15 ЧАСОТ
ЛИТВАНИЈА – БУГАРИЈА
ЛУКСЕМБУРГ – ЛИХТЕНШТАЈН
18 ЧАСОТ
АЗЕРБЕЈЏАН – ЕСТОНИЈА
ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА
НОРВЕШКА – ШКОТСКА
20:45 ЧАСОТ
АЛБАНИЈА – МОЛДАВИЈА
БЕЛГИЈА – АВСТРИЈА
КИПАР – ГРУЗИЈА
ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЧЕШКА
ИСЛАНД – СЛОВАЧКА
ПОРТУГАЛИЈА – БИХ

ПретходноОдбојкарите ќе бидат ослабени: Без Ѓорѓи Ѓорѓиев на утрешниот дуел со Украина
СледноПромоција: Фати Исмаили е првото засилување на Воска!