Во трилер завршница како што му доликува на едно полуфинале од Лигата на Шампионите во ракомет, тимот на Келце го доби ПСЖ со минимални 24:25 и се пласираше во големото финале.
Таму го очекува дуел со тимот на Магдебург кој попладнево по подоброто изведување на пеналите беше подобар од тимот на Барселона.
Најдобар стрелец кај победничката екипа беше Душебаев со шест погодоци, а веднаш зад него Каралек со пет осносно Мотиро со четири. Кај поразениот тим на ПСЖ Стеинс исто така со шест погодоци беше најефикасен.