Кириос: Само јас можам да го запрам Новак на Вимблдон

290

Контроверзниот тенисер Ник Кириос го предизвика најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ на претстојниот Гренд слем турнир – Вимблдон. На Ролан Гарос, Ѓоковиќ стигна до рекордната 23. гренд слем титула и со тоа стана најдобриот тенисер на сите времиња. Две недели пред Вимблдон, Кириос даде прогноза за тоа на колку пехари може да оди Ѓоковиќ.
Се надевам дека ќе освои 30. Со тоа ќе направи јас да изгледам уште подобро со оглед на тоа дека изгубив од него минатата година во финалето на Вимблдон. Направи неверојатен подвиг. Знам колку напорно работи, колку му значи сето тоа. Ако земеме во предвид дека пропушти неколку гренд слемови затоа што не можеше да влезе во некои држави, па ни Австралија, верувам дека сега ќе беше поинаку, ќе имаше меѓу 24 и 26 титули. Знам дека е гладен за трофеи. Се надевам дека ќе стигне меѓу 28 и 30 титули“, изјави Кириос.
Ѓоковиќ на Вимблдон е во серија од 28 победи, се уште нема вистински ривал кој е добро извежбан за тенис на трева. За тоа коментар даде Кириос.

Само јас би можел да го запрам Новак на Вимблдон“, рече 25 тенисер на светот.

ПретходноМудрик: Верувавме во себе, во вториот дел тргнавме на се или ништо
СледноИванишевиќ: Новак е генијалец, да си негов тренер е исто како да си тренер на Реал Мадрид!