Легендарниот бразилски тренер се враќа во фудбалот

178

Легендарниот бразилски тренер Луис Фелипе Сколари, кој ја прекина блескавата тренерска кариера минатата година, се враќа во фудбалот. Сколари ќе го преземе бразилскиот Атлетико Минеиро откако се согласи да потпише краткорочен договор за неколку месеци. Поточно тој ќе го води тимот до 24 декември оваа година.
Досега Сколари беше технички директор на Атлетико Параненсе, но ја напушти позицијата за да го преземе клубот од Бело Хоризонте.
Минатата година, пред да објави дека ќе се повлече од тренерскиот занает, Сколари го однесе Атлетико Минеиро до финалето на Копа Либертадорес.

ПретходноПропаднаа преговорите меѓу Нагелсман и ПСЖ
СледноМеси нема да игра против Индонезија, фановите полудеа