Како што објави познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио на својот Твитер профил, Лука Модриќ одбил неверојатна понуда од С. Арабија вредна 600 милиони евра за три сезони. Значи по 200 милиони евра по сезона. Значи истата понуда која ја прифатија Кристијано Роналдо и Карим Бензема, неговите некогашни соиграчи од Реал Мадрид, но не и самиот Лука кој и дефинитовно со ова, се разбира ако е точна информацијата, дека не е се во парите.
Инаку Ал Хилал ја доставил понудата до хрватскиот ас и играч за врска на “кралевите“.
Ова значи дека Модриќ и во наредната сезона ќе игра за Реал Мадрид.