ОФИЦИЈАЛНО: Тотенхем за 30 милиони фунти го купи Кулушевски од Јувентус

243

Тотенхем го комплетираше договорот со Дејан Кулушевски. Како што потврдија од лондонскиот клуб, тие успеаја да се договорат со Јувентус околу продажбата на шведскиот репрезентативец со македонско потекло.

23-годишниот играч од средниот ред минатата сезона играше како позајмен во Тотенхем од Јувентус, а од следнава сезона ќе биде и официјално играч на Спарс. Кулушевски потпиша договор со Тотенхем со важност до 2028 година. 

Сумата која Тотенхем му ја плати на Јувентус за Швеѓанецот е во висина од 30 милиони евра. 

ПретходноАнгличаните веќе почнаа со тренинзи во Манчестер очекувајќи го мечот со Македонија
СледноТемелков од Тиквеш е новото засилување за Македонија ЃП