Промоција: Фати Исмаили е првото засилување на Воска!

431

По назначувањето на Миљан Радовиќ за нов шеф на стручниот штаб, сега на ред е и претставувањето на новите имиња во Воска, клуб кој во следната сезона во ПМФЛ ќе го има своето деби.

Па така од денеска нов фудбалер на охридскиот прволигаш е Фати Исмаили, стоперот кој доаѓа од Работнички, а претходно играше и за екипите на Шкупи, Гостивар.

Исмаили и Воска потпишаа едногодишен договор, тој е првото летно засилување во таборот на новиот прволигаш.

ПретходноЕП квалификации: Босанците во (не)возможна мисија во Лисабон
СледноПолн “Олд Трафорд“ ја чека Македонија, продадени сите билети!