Слатко скопско кафе за Ребров

804

Ех што ни се случи вчера на Арената Тодор Проески…. ќе се прашуваме засекогаш… како може по така фантастично одиграно прво полувреме против Украина во рамките од вториот дуел од тековните квалификации и водството од 2:0 со головите на Барди и Елмас да се „распаднеме“ во вториот дел и да загубиме со 2:3 на крајот. Плус да го загубиме Висар Муслиу кој доби црвен картон и нема да е во комбинација за дуелот понеделник против Англија.

Украинците беа „печени“ да ги добиеме. Имавме се, игра, двојно водство, атмосфера се….а на крајот останавме без ништо.

Нашите репрезентативци попладнево се качија на чартерот за Англија. На Аеродромот во Скопје сретнаа познати лица. Украинците кои летаат пак за Полска. Селекторот Ребров задоволен. Како и не би бил. Се вратија од „мртвите“, па сега може на раат да се напие едно кефлиско скопско кафе. Нашиот селектор Благоја Милевски џентлменски заедно со неговиот помошник Влатко Гроздановски на мини разговор.

„Како кафето Сергеј“ – праша Сер Боби. „Супер е Благоја благодарам, благо, вкусно, за мерак“ – вели украинската фудбалска легенда. Три во едно е…. мислејќи веројатно на бодовите синоќешниот дуел.

 

ПретходноШкупи во Турција се подготвува за настапот во Европа!
СледноНова измена во составот на Тиквеш, си замина Ристе Темелков