Откако ја прекина соработката со Тиквеш, Ристе Темелков веднаш најде нов клуб. Македонија Ѓорче Петров денеска потврди дека фудбалерот за врска во следната сезона ќе го носи нивниот дрес.
Темелков доаѓа како ново засилување за Македонија ЃП, која веќе работи на селектирање на составот со кој ќе се натпреварува следната сезона во ПМФЛ.