У17: Санев одбра 18 одбојкари за Балканското првенство во Тирана

144

Македонската одбојкарска репрезентација за играчи до 17 години ова лето ќе учествува на Балканското првенство во Тирана од 5 до 9 јули. Селекторот Ванче Санев го објави списокот на повикани одбојкари за ова БП. На листата се најдоа 18 имиња од шест клубови.

Најмногу, петмина се од првакот во оваа категорија Струмица Никоб, четворица од Штип УГД, по тројца се од Весна Пробиштип и од Работнички 47&22, двајца од ГОК Борец и еден од екипата на Сушево.

Младите одбојкари со подготовки почнуваат на 21 јуни во Штип, а на Балканијадата во Тирана ќе играме во групата „А“ со домаќинот Албанија, Турција и со Србија.

ПретходноТемелков од Тиквеш е новото засилување за Македонија ЃП
СледноАрсенал не дава повеќе од 60 милиони за Хаверц