Фудбалерите стигнаа во Манчестер, ги пречекаа навивачи со македонски знамиња

1567

Со лет кој траеше нешто повеќе од три часа, македонската фудбалска репрезентација пристигна во Манчестер. Нашите најдобри фудбалери беа пречекани на аеродромот од дел од нашите навивачи со македонски знамиња кои им посакаа успех на дуелот со „Гордиот Албион“ в понеделник.

Дуелот со Англија в понеделник на „Олд Трафорд“ ќе биде третиот за нас во овој квалификациски циклус, по победата над Малта и поразот од Украина во првите две домашни средби.

ПретходноАнадолу Ефес со рекордна 16-та титула во Турција
СледноДуков доби слободни документи од Силекс